Ја нарекуваат најсреќната земја во светот: Во моментов имаат потреба од 150.000 работници

ИЗВОРСкопје24
|

Финска е најсреќната земја на светот, но староста на населението во оваа држава е она што ја загрижува тамошната влада, па поради тоа бараат работници од други држави.

Ланската стогодишнина од своето постење, Финска на разни глобални индекси ја дочека како една од најстабилните, најсигурните и најдобро управуваните држави во светот. Трета е меѓу најбогатите, трета најмалку корумпирана, втора најпрогресивна по општествени прашања, трета најправедна во однос на социјалниот статус. Финското правосудство се доживува како најнезависно на светот, полицијата ужива најголема доверба кај граѓаните, финските компании се втори по етичност кон вработените, изборите се втори најслободни во светот. И тоа не е сè: по рамноправност меѓу половите е глобално трета, петти се во најниски родови разлики во приходите, финските бебиња најмалку страдаат од недоносеност и премала тежина, тинејџерите се најдобри во свет во читање и трети во природни науки.

Според извештајот на државната агенција кој ги истакнува клучните предизвици во следниот период, новата влада мора да пронајде начин да ја зголеми вработеноста на 75% од сите работноспособни Финци до 2023 година.

Моменталната стапка е 72%, што одговара на целта која во 2015 година ја постави сегашниот премиер Јуха Спила и која во тоа време се сметаше за тешко достижна.

Сепак потребни се 150.000 нови работни места за северната членка на еврозоната да го одржи својот систем за социјална помош.