|
Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради дефект на ППХ ф 80 мм. на улица Струшка 12, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на улица Струшка, Јури Гагарин и дел од Козле.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:50 часот до завршување со санација на дефектот.
Поради најавениот дефект на улица Московска, од технички причини со намален притисок ке бидат улиците Ванчо Мицков, Демир Трајко и Ф-ка Реплек.