Каде пукнала работата меѓу Халанд и Јунајтед? Моментот кога се вмешал и неговиот татко

|

Англиски медиуми и понатаму се занимаваат со неуспешниот обид на „црвените ѓаволи“ за Ерлинг Халанд, кој на крајот заврши во Борусија Дортмунд.

Раиола првенствено се обидувал да го убеди Халанд да потпише со Јувентус, но не успеал во таа намера, па како опција останале Дортмунд и Манчестер.

Но голем проблем биле барањата не само на Ерлинг Халанг, туку и на таткото на Халанд, кој барал повеќе од 10 милиони провизија, а исто така Раиола како менаџер, барал од Јунајтед да вметнат во договорот посебна клаузула од 50 милиони евра, кој евентуално доколку некој би ги платил, тој може да замине од клубот, па тоа било отфрлено.

Тоа ги разбеснело луѓето во Манчестер, посебно извршниот директор Вудворд, кој во таков обид и интенција, препознале нешто како отскочна даска за понатамошната кариера, па одбиле да потпишат со овој талентиран фудбалер.

Веројатно црвените ѓаволи лагодно поради добрата форма на Мејсон Гринвуд, нема многу да жалат по тоа што сепак не успејаа заедно со Солскјер да го убедат Халанд да потпише за поразумни цифри, а во тоа да не се вмешаат неговиот татко и агент.