Карлеуша кршела чинии во ресторан по разводот со Душко (ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачката Јелена Карлеуша замина на одмор во Грција, а на мрежите се појави видео кое ги изненади сите.

Карлеуша, која се најде во центарот на вниманието на медиумите кога откри дека се разведува од Душко Тошиќ, замина на летен одмор заедно со ќерките Ника и Атина.

Јелена посетила грчки ресторан во лежерно издание – долг бел фустан и апостолки, а на лицето немала никаква шминка, а потоа решила да ја почитува нивната традиција и да скрши неколку чинии.

Додека Карлеуша ги кршеше чиниите, околу неа се собраа луѓе кои ја гледаа пејачката како го прави тоа и снимаа се, а таа снимката ја сподели на својот Инстаграм.