Која е девојката со која Северина ќе започне нов живот? Го напушта својот пентхаус за да живее надвор од градот

ИЗВОРНов Лист
|

Северина по разводот реши да направи промени во животот, а една од нив се однесува на местото каде што ќе живее отсега.

Популарната хрватска пејачка Северина Вучковиќ неодамна помина низ тежок период во животот откако се разведе од синот нa познатиот пејач, Игор Којиќ.

Таа одлучи да го земе животот во свои раце и да почне од почеток, во нов, подобар живот. Иако има пентхаус во центарот на Загреб, пејачката решила да изнајми куќа надвор од градот.

Како што се пишуваше во хрватските медиуми, Северина нема да живее сама во неа, туку друштво ќе и прави нејзината внука Миа Поповиќ.

Миа, неодамна се омажи и живее спроти нејзината омилена тетка, популарна пејачка. Миа и Севе неодамна одлучија да купат куќа во градот Самобор,  оддалечен околу 30 километри од главниот град на Хрватска.

Северина не планира да го продаде својот пентхаус во Хрватска, туку да го изнајми и да се пресели во помирна средина со членови од фамилијата.

Миа живеела со Северина во студентските денови, а често и помагала да го одгледува синот. Северина и Миа во последно време се зближија уште повеќе.