Која е Жанин Анес која се прогласи за претседателка на Боливија?

|

За владите на Бразил и САД, Анес е веќе легитимен привремен претседател на Боливија, но за својот претходник Моралес таа е дел од државниот удар и самопрогласен десничарски сенатор.

Пред само еден месец било невозможно да се предвиди дека Жанин Анес (52), адвокатка и политичарка, ќе биде лидерка на Боливија, барем привремено. Анес на 13-ти ноември, во екот на сериозната политичка криза во таа земја, се прогласила за привремена претседателка. 

На тоа место го заменила првиот автохтон претседател Ево Моралес, на кого му е обезбеден политички азил во Мексико.

Анес потоа се упатила во поранешната претседателска палата во Боливија за да положи заклетва како втор претседател по ред во историјата на земјата.

Со ова некогашната сенаторка обележала нов политички тон. Нејзина следна акција ќе биде именување на тим на министри за владата во преодниот период кога ќе повика на нови избори, според нејзините зборови, “што е можно побрзо”. Меѓу имињата кои ќе бидат избрани ќе бидат оние од полицијата и вооружените сили.

Како Жанин се искачи на тронот?

Како и во Венецуела, сенката на самопрогласување се надвила и над оваа латиноамериканска нација. За владата на Бразил и САД, Анес е веќе легитимен привремен претседател на Боливија, но за својот претходник Моралес таа е дел од државен удар и самопрогласен десничарски сенатор.

“Владата на Венецуела ја признава Жанин Анес за привремен претседател на Боливија во својата мисија да доведе до уставна транзиција до претседателските избори”, напишал Хуан Гваидо, кој себеси се прогласил за претседател на Венецуела, а го признале повеќе од 50 држави.

Оставката на Ево Моралес се случила во неделата, кога вооружените сили навеле дека тој ќе ја напушти функцијата за да ја смири Боливија.

Народот на Боливија се наоѓа на улиците повеќе од 20 дена, уште кога биле одржани избори, за кои повеќето сметаат дека биле наместени.

Политичкиот аналитичар Иван Ариас за “Euronews” рекол дека членот 169 од Уставот на Боливија вели дека потпретседателот мора да стапи на таа позиција кога претседателот ќе поднесе оставка. Сепак, во овој случај, оставка поднел и потпретседателот.

Деценија во Сенатот

Анес во парламентот на Боливија влегла по изборите во 2009-та година.

Во парламентарниот период од 2010-2015, Анес станала жесток противник на изградбата на пат низ срцето на автохтоната територија и Националниот парк Исиборо Секура, проект на Моралес кој добил силен одговор од домородните групи.

Во својот втор мандат како сенаторка, од 2015-та година, таа се фокусирала на спречување на фемицид и насилство над жени. Исто така, гласала и против номинација на Ево Моралес за четврти мандат.

Анес по потекло е од мало население во амазонскиот дел Бени.