Крај на Јутуб, Твитер и Фејсбук-Русија со закон ќе ги блокира

ИЗВОРНов Лист
|

Новиот предлог-закон претставен од пратениците во рускиот Парламент, со кој, доколку биде усвоен, ќе и се овозможи на Владата да го ограничи пристапот преку Интернет до американските социјални мрежи.

Повеќето од владејачката партија Единствена Русија, изјавија дека добиле поплаки од локалните медиуми како Русија денес, РИА Новости и Крим 24 дека профилите биле блокирани или обележани од Твитер, Фејсбук и Јутјуб.

Во образложението во прилог на нацрт-законот стои: Итноста за усвојување на нацрт-законот се должи на бројни случаи на неоправдано ограничување на пристапот на руските граѓани до информации во руските медиуми од одредени Интернет ресурси, вклучително и оние регистрирани надвор од Русија.

Министерството за надворешни работи заедно со главниот обвинител на Русија ќе утврдат кои Интернет ресурси го ограничуваат пристапот до „општествено важни информации засновани на националност, јазик или во врска со воведување санкции против Русија или нејзините граѓани”.

За законот да стапи на сила треба прво да биде одобрен од пратениците во Државната дума, Долниот дом на рускиот Парламент, пред да биде одобрен во Советот на Федерацијата (Горниот дом на Парламентот) и потпишан од претседателот Владимир Путин.