Робот-куче од компанијата “Sony”, со име Аибо, ги вклучува микробрановата печка и правосмукалката, предупредува дека машината за перење завршила со перење, но и прави селфи и позира.
“Sony” постојано му додава нови функции на роботот куче, а најновиот перформанс подразбира дека Аибо може да комуницира со низа паметни уреди во домаќинството за да им го олесни животот на своите сопственици.
Демонстрацијата на вештините кои Аибо го поседува е одржана на саемот “CEATEC” во Токио, најголемиот јапонски саем за IT и електроника.
Аибо е прикажан како дава сигнал на печката да се вклучи, веднаш по доаѓањето на сопственикот во куќата, за што порано да го дочека топол оброк.
Малиот робот е програмиран и да позира за фотографија, ако е тоа неопходно, заземајќи симпатични пози. Од друга страна, Аибо може и да фотографира луѓе, да прави селфи и фотографиите да ги поставува на социјалните мрежи.
На почетокот на оваа година, од компанијата “Sony” било најавено дека Аибо може да биде и куче чувар. Приказната е производ на соработката со јапонската компанија за безбедност Seko.
Со помош на камера и микрофон, роботот куче може да врши инспекција на деловни или станбени простории и будно да го надгледува вашиот дом, со месечна надомест од 14 американски долари.
Во зависност од конфигурацијата, еден Аибо може да чини до 3.000 долари. Така на пример, постои можност дека вашиот Аибо робот ќе препознава лице. По потреба, може да меморира имиња и лица на десетина луѓе.
Во компанијата “Sony” наведуваат дека од почетокот на годината, на клиентите им испорачале 20.000 роботи кучиња.