Локомотива дел од големата меѓународна конференција Network of Residencies in South-East Europe #NORSE – International Conference on Residencies in South-East Europe, организирана од Номад танц академија Словенија и центарот за урбана култура Кино Шишка со поддршка на град Љубљана

ИЗВОРСкопје24
|

Локомотива како партнер на мрежата Номад танц академија е дел од  големата меѓународна конференција Network of Residencies in South-East Europe #NORSE – International Conference on Residencies in South-East Europe, организирана од Номад танц академија Словенија и центарот за урбана култура Кино Шишка со поддршка на град Љубљана.

Конференцијата се реализира во Кино Шишка од 7 до 10 април. Целта на конференцијата е да се изгради мрежа на резиденцијални простори во Југоисточна Европа како модел на институционализиран и децентрализиран центар за современ танц.
На конференцијата учествуваат бројни локални и меѓународни партнери на мрежата Номад танц академија, професионалци во полето на современите изведувачки уметности и претставници на градови од Југоисточна Европа.

На конференцијата Локомотива ќе ја претстави Кино Култура Скопје како простор за современи изведувачки уметности и современа култура со значајна регионална и меѓународна соработка во полето на современиот танц и современите изведувачки уметности.
Тимот на Локомотива кој учествува на оваа конференција: Виолета Качакова, Биљана Тануровска Ќулавновски, Елена Ристеска и Викторија Илиоска, на кој се придружи Славчо Димитров, теоретичар во културата и соработник на Локомотива.

На конференцијата како претставници на град Скопје учествуваат и Никола Наумовски – шеф на кабинет на градоначалник на град Скопје и Антонио Павловски – претставник на Секторот за јавни дејности, одделение за култура. Тие ќе го престават градот и неговата културна политика, програма и институции во културата со можност за продлабочување на билатералната соработка со град Љубљана и меѓународната соработка со други градови од Југоисточна
Европа.

Network of Residencies in South-East Europe #NORSE е дел од серијата на застапувачки настани /Номад танц застапува/во полето на современиот танц во регионот, и е 4-ти по ред, по настаните организирани во Скопје 2012, Софија 2015, Белград 2017.
Во рамки на овој застапувачки настан организиран во Љубљана од 11 до 14 април, веднаш по конференцијата ќе се одржи и состанокот на партнери на мрежата Номад танц академија во рамки на кој ќе се презентираат и евалуираат активностите реализирани во 2018 година и ќе се направи план на програма и активности за периодот што следи.

Учеството на тимот на Локомотива на застапувачкиот настан во Љубљана (меѓународната конференција и средбата на партнери на мрежата Номад танц академија) е поддржано од Министерство за култура.