Мајк Тајсон (54 години) се враќа во рингот, познат и противникот

|

„Челичниот Мајк“ по 15 години повторно во рингот.

Во септември во егзибициски меч, легендарниот американски боксер ќе боксува против Рој Џоунс Џуниор. Договорот падна за меч од 8 рунди, а боксерите нема да носат заштита за главите но ќе се употребат поголеми (помеки) ракавици од вообичаените.

Мајк Тајсон споделуваше фотографии и видеа на социјалните мрежи во изминатите месеци, како напорно тренира, со цел подготвен да го дочека своето враќање во рингот. Неговото тело доживеа вистинска трансормација.

Иако многумина се надеваа на меч на Мајк Тајсон со Ивандер Холифилд, бидејќи нивните два меча беа епски, сепак таков меч сеуште не е договорен.

Мајк Тајсон е најмладиот шампион во тешка категорија кога со 20 години го нокаутираше својот противник во далечната 1986 година.