Македонската футбалска репрезентација со победа го започна второто издание во Лига на Нации.
Денес во Скопје со резултат 2-1 беше поразена Ерменија. Стрелци за нашата репрезентација беа Алиоски и Несторовски, кои со головите постигнати од белата точка ја донесоа победата. И гостите постигнаа гол од пенал, а и тоа стрелец на голот беше бившиот фудбалер на ФК Вардар Барсегјан.
Натпреварот беше одигран во тешки услови поради високите температури (почна од 15:00 часот), па затоа и не беше на високо квалитативно ниво. Македонија беше поискусна и посреќна добивајќи пенал уште во раната фаза од мечот, кој го искористи Езѓан Алиоски, со максимално презицен удар од белата точка и донесе водство после само 5 минути игра.
На ист начин дојдовме и до вториот гол. Несторовски биеше прецизно за 2:0 во 38 осмата минута. Второто полувреме донесе отворена игра, двете репрезентации имаа по неколку можности за гол, а откако не успеавме да постигнеме трет гол, гостите на самиот крај од натпреварот добија пенал, кој успешно го реализираа за конечен резултат 2:1.
Македонија слeдниот натпревар го игра во вторник на гости против Грузија.