Долго време слушавме и читавме за моделот кој McLaren го припрема и кој ќе биде импресивен во секоја смисла на зборот.
Сега конечно знаеме и како ќе изгледа овој автомобил, но и која е неговата цена. Станува збор за феноменалниот модел наречен Elva кој поседува спортски дизајн и кој на возачите им овозможува неверојатни перформанси кои најмногу доаѓаат до израз на тркачката патека.
Моделот кој доаѓа во кабриолет верзија, под хаубата “крие” 4.0-литарски V8 мотор кој произведува 804 коњски сили и вртежен момент од 800 Nm. McLaren тврди дека Elva постигнува брзина од 0 до 100 км/ч. за 3 секунди и брзина од 0 до 200 км/ч. за молскавични 6,7 секунди, што го прави побрз од моделот Senna.
Како и секогаш, дизајнот на автомобилот е прекрасен и ги поседува сите карактеристики кои ги поседува и секој друг автомобил на овој бренд, а тоа се фантастичните робусни и аеродинамични каросерии, модерен изглед и спортски ентериер кој прави да се чувствувате како во тркачки автомобил. Кабриолет верзијата го прави уште попривлечен и попримамлив и им овозможува на возачите да уживате во ова возило во текот на сончевите и летни денови.
Од McLaren додаваат и дека овој модел ќе биде дел од ограничена серија која ќе произведе само 399 парчиња и дека еден ваков автомобил ќе изнесува неверојатни 1,7 милиони долари, што го прави еден од најскапите суперавтомобили на светот.