Мицотакис најави вето на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

ИЗВОРСкопје24
|

Водачот на најголемата опозициска партија “Нова демократија”, Киријакос Мицотакис, кој е во водство на анкетите во оваа изборна година за Република Грција, изјави дека доколку дојде на власт, тој ќе стави вето на Северна Македонија за пристапување во Европската унија, бидејќи се повредени интересите на Грција, пренесува бизнис весникот „Нафтемпорики”.

-Тој изјавата ја даде во Солун, вториот по големина грчки град во провинцијата Македонија, каде што неколку дена пред тоа граѓаните протестираа против договорот на СИРИЗА и Алексис Ципрас со кој се дава името Македонија на Поранешната Југословенска Република Македонија (ПЈРМ). Мицотакис, исто така, им рекол на локалните производители дека ќе дејствува за да ги заштити производите и бренд имињата со името “македонски”, што некои компании и фирми во Северна Македонија го користат за да ги обележат своите стоки. Тој се надева дека ќе поттикне гнев и бес во регионот против антинационалистичките “СИРИЗА” и Ципрас, затоа што го дадоа името Македонија, пренесе весникот.

„Неговиот татко, починатиот поранешен премиер Константинос Мицотакис, и дозволи на новата земја да излезе од колапсот на Југославија во 1991 година и да се нарече ПЈРМ, но тоа требаше да биде привремен договор. Кога наредните влади во ПЈРМ почнаа да ја бараат грчката земја, вклучувајќи ја и вистинската Македонија и Солун, Грција употреби вето за да ја задржи таа земја надвор од НАТО, но да ги започне разговорите за пристап во ЕУ. Сега сето тоа е укинато од Ципрас“-пишуваат грчките новинари.

Грчкиот медиум пишува дека иако нема враќање назад на пристапот на државата кон НАТО, владата на Мицотакис може да го спречи нејзиниот влез во ЕУ, која бара едногласно одобрување на сегашните 28 земји.

-На состанокот со локалните производители, Мицотакис вети дека ако биде избрана владата на НД, тие ќе стават вето на курсот за пристап на Северна Македонија во ЕУ, доколку не се гарантираат грчките национални интереси и ако проблемите со грчките производи со името и дериватите на името “македонски” не се решени, објави бизнис весник Нафтемпорики. Тој, исто така, вети дека ќе финансира меѓународна промотивна кампања за името на брендот “Македонија” и да регистрира повеќе заштитени ознаки за производи од потекло од грчката провинција во Македонија за кои се потребни заштитни мерки, пишува „Нафтемпорики”.