Microsoft ги затвора сите свои продавниците

ИЗВОРНов лист
|

Американската компанија Microsoft објави на својата веб-страница дека во наредниот период ќе ги затвори сите свои продавници и дека во иднина ќе има само онлајн продажба како дел од „стратешката корпоративна промена во доменот на мало“.

Компанијата нема да ги отпушти своите вработени поради овие промени, но наместо тоа, сите вработени во Microsoft продавниците ќе продолжат да работат во канцеларии и деловни објекти во државата Вашингтон.

Компанијата исто така соопшти дека ќе ги зголеми инвестициите во доменот Microsoft.com, како и во продажбата на Xbox и Windows.

Американскиот технолошки гигант наведува дека нејзините продавници се затворени уште од март, поради болеста, и дека вработените успеале да ја обезбедат целата онлајн потребна поддршка на клиентите.