Мистерија од длабочините на вселената: Научниците откриле чуден сигнал! Ова не е првпат, но никој не знае кој ни испраќа пораки

|

Кинеските научници го примиле необичниот сигнал со помош на петстотини метри широк радиотелескоп FAST. Станува збор за сигнал кој е составен од низа повторувачки брзи “удари“ на радиосигнали (FRB) кој доаѓа од длабочините на вселената за кој барем засега научниците не можат да го објаснат.

FRB сигналите се многу ретки и од 2007-та година кога првпат биле регистрирани детектирани се околу сто. Вообичаено се случуваат само еднаш и потоа исчезнуваат, но кинеските научници тврдат дека минатонеделниот FRB е “познат од претходно“.

Како што се наведува, сигналот FRB121102 регистриран е во 2012-та година, а се вратил во 2015-та година. Сигналот дошол од џуџестата галаксија која е оддалечена околу три милијарди светлосни години од Земјата. Сега, помеѓу 30-ти и 3-ти септември, FAST го детектирал истиот сигнал со повеќе од 10 пулсови.

Иако научниците не знаат од каде потекнува сигналот, не сакаат да погодуваат до толкава мера за да се оствари претпоставката дека станува збор за вонземјанска цивилизација. Сепак, мистеријата засега останува и експертите работат на објаснување на овој феномен.