Продолжува мистеријата околу Емилијано Сала, агентот кој го нарачал летот се огласи со СМС , според него тешко било да се организира летот и тие немале никакви шанси да одлучуваат со каков авион ке лета Сала.
Вил Мек Кај за bbc.com објаснува дека тешко било да се организира лет од Нант до Кардиф со комерцијален авион, затоа решиле Емилијано Сала да го пратат до Кардиф со приватен авион, тие не решавале со каков авион ке лета Сала.
Според достапните информации, во разговор со Сала, потенцирале дека е тешко да се организира лет до Кардиф, ние не учествуваме во изборот на авионот и пилотот, едноставно требаше да се стигне до Кардиф, Сала знаеше за проблемот и ние го информиравме за тоа- изјави Мек Кај.
Мек Кај изјави и дека контактирале со семејството на Сала по трагедијата која се случи, имаме соработка но ние не сме виновни за инцидентот, изјави Мек Кај.
Фудбалерите на Кардиф во вторник ке носат жолти ленти на дресовите на мечот со Арсенал во Премиерлигата во знак на почит и респект за Сала.
Од сигурни извори дознаваме дека Сала не сакал да потпише за Кардиф, но по инсистирањето на клубот сепак на крај се одлучи за потпис со англискиот прволигаш. Цифрата која Кардиф им ја исплати на Нант беше неверојатни 20 милиони евра. Сепак Сала не успеа да стигне на првиот тренинг во Велс. На социјалните мрежи излезе снимка во која што се слуша последниот разговор што го прави Сала со својот најдобар другар. Снимката ви ја пренесуваме во целост:
„ Здраво како сте сите. Многу сум уморен. Бев во Нант завршував многу обврски кои ми изгледаа дека никогаш нема да завршат. Сега сум во авион кој изгледа како да ќе се распадне во секој момент. На пат сум за Кардиф каде што утре почнувам. Попладне почнувам со тренинзи со новиот тим. Вие како сте? Ако не слушнете ништо од мене во следните час и половина, не знам дали ќе испратат некој да ме побара. Страв ми е. “