“Модната библија“ ги прогласи најдобро облечените дами за 2019-та година

|

“Модната библија“ направи листа од најдобро облечени дами за 2019-та година, а еве кои се најдоа на листата.

Магазинот “Vogue“ кој многумина го нарекуваат “Модна Библија“, на крајот од секоја година ги собира впечатоците и составува листа од најдобро облечени дами – еве кои од нив заблескале во 2019-та година.

На листата целосно очекувано во топ десет се најде војвотката од Сасекс, Меган Маркл која од магазинот ја опишаа како личност од кралското семејство.

На дамите ширум светот им се допадна нејзиниот класичен и елегантен стил па сè што ќе облече таа набрзо потоа веднаш се распродава.

Покрај Меган, на листата се најде и Наоми Кемпбел, а познавачите на модата го фалат нејзиниот провокативен и проѕирен фустан.

Една од познатите дами која со својот изглед го привлекува вниманието секако е и Ријана која целосно заслужено се најде на оваа листа. Откако ја лансираше луксузната модна колекција во рамките на брендот „Fenty“, пејачката често на јавните настани се појавува токму во свои модни парчиња и за тоа најчесто добива прекрасни критики од модните експерти.

Еден од фустаните кои го фалеа е оној во минт зелена боја кој го носела на доделувањето на Модните награди во Лондон.

Пејачката која некогаш умееше да ги шокира многумина со својот изглед исто така се најде на оваа листа – Лејди Гага во фустанот на „Valentino“ кој го носела на доделувањето на наградите за Златен глобус.