Mурињо: Во Скопје ќе биде опасно, бидејќи е еден натпревар а за Шкендија не знам ништо

|

Македонската екипа Шкендија вчера во дуелот со романски Ботошани, успеа да слави и на тој начин да се пласира  во третото коло од квалификациите за Лигата на Европа.

Шкендија победи со 1-0 со голот на Бесарт Ибраими. Ренова и Силекс вчера го завршија со својот настап по поразите од Хајдук и Дрита.

Во гретото коло, Шкендија доби атрактивен противник. Ни помалку ни повеќе туку Тотенхем предводен од Жозе Мурињо, кој синоќа победи во Бугарија против Локо Пловдив со 2-1. Натпреварот со Тотенхем е закажан за 24. септември во Скопје.

Тотенхем е апсолутен фаворит во овој дуел, иако синоќа се намачија во Пловдив. Бугарскиот тим имаше предност се до десетина минути пред крајот кога прими два гола со кои Тотенхем оди понатаму.
Мурињо доаѓа по втор пат во Македонија. Претходно го посети Скопје при настапот во Суперкупот во 2017 година, со екипата на Манчестер Јунајтед.

„Во Скопје ќе биде опасно, бидејќи е еден меч и тоа на гости. Да се играа два натпревари ќе беше сосема подруга, вака нема простор за грешки. За противникот – Шкендија не знам ништо, за нив ќе направиме анализа во претстојниов период. Сепак пред тој натпревар, имаме важен натпревар против Саутемптон во Премиер лигата, а играме и против Лејтон во Купот“, изјави Мурињо веднаш по завршувањето на вчерашниот натпревар во Пловдив.