Музиката е лек за умот и душата, таа допира онаму каде ништо друго не може,длабоко во срцето. Длабоко во срцето допреа и песната и музиката на училишниот бенд од Општина Илинден под раководство на професорот Јовче Петковски.
Изминативе денови во Општина Илинден се одржа концерт на кој од бисерните грла на младите интерпретатори се слушнаа прекрасните звуци и стихови од богатата ризница македонски песни.
Не кани ме,Голем мерак имам бабо, Јовано Јованке,Абер дојде Донке,Лено мори се дел од песните кои беа изведени.
Публиката заплови по Охридското Езеро со легендарната Лихнида кајче веслаше, уживаше во стиховите на Дејгиди луди млади години-за годините кои минуваат и никогаш не се враќаат…
Екотот на тапаните, тој вековен традиционален македонски инструмент и тоновите на кавалот го разиграа сечие срце.
За крај на концертот оставија изведба на една убава македонска забавна мелодија од групата Меморија со која земале учество на овогодинешните музички натпревари на средните училишта .
Едно големо браво за професорот Јовче Петковски и неговите ученици како и Општината Илинден, која сето ова го организираше.