Моторџиите во Австралија се вознемирија откако деновиве беа откриени неколку замки поставени на популарните патеки за возење кои се наоѓаат во шумите.
Вознемирувачкото откритие беше направено кај Голд Коуст, каде две оптегнати бакарни жици беа поставени на шумска патека. Жиците биле поставени во висина на главата, а при контакт со голема брзина, тие можат да предизвикаат сериозни порведи, па дури и да останете без глава.
Веста брзо се прошири на Фејсбук, а илјадници луѓе ги предупредија своите пријатели и роднини да внимаваат при возењето.
– Ова е лудило. Јасно е дека жиците се поставени со цел да предизвикаат повреда, во која можете да бидете пресечени на пола. Личноста одговорна за ова треба да биде затворена – е еден од коментарите.
Сличен инцидент се случил пред еден месец во шума во Квинсленд, каде што моторџија налетал на оптегната жица. Дваесет и петгодишнио Бен Бирд бил неочекувано соборен од моторот.
При проверката што би можела да биде причината за неговото паѓање, тој бил ужаснат кога видел дека некој овде оптегнал жица. За среќа, тој возел само 15 километри на час за време на инцидентот, но тоа сепак оставило болна трага од жицата на неговиот врат.