|
Единствениот двоен дијамант со скапоцен камен внатре во скапоцен камен е пронајден на Сибир, пишува “Daily Mail”.
Дијамантот е наречен “Матрјошка” бидејќи потсетува на традиционалната руска кукла. Се верува дека овој дијамант, кој е стар 800 милиони години, е апсолутно непроценлив и единствен на светот.
Поголемиот дијамант има димензии 4,8 по 4,9 по 2,8 милиметри. Внатре во него има уште еден, помал дијамант, со димензии 1,9 по 2,1 по 0,6 милиметри.
Олег Ковалчук, од руската компанија “Алроса”, која го пронашла дијамантот во Јакутија, рекол дека ова е единствена креација на природата и дека вакво дијамант досега не е пронајден.
“Алроса” планира да го прати дијамантот “Матрјошка” во Геолошкиот институт на САД на понатамошни истражувања.