Ова се најголемите трговски партнери на Македонија во првата половина на 2020 година

|

Според статистичките податоци на Државниот завод за статистика. во периодот јануари ‒ јули 2020 година, според вкупниот обем на трговската размена со други зезмји, Република Македонија најмногу тргувала со следните држави: Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.


Извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари ‒ јули 2020 година, во вкупна вредност изнесува 2,9 милијарди евра и бележи пад од 20.2 % во однос на истиот период од претходната година. Увозот пак, во истиот период,  во вкупна вредност изнесува 4 милијарди евра, што е за 16.0 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Македонија за само 6 месеци бележи трговски дефицит од околу милијарда евра.
Според податоците за трговската размена, во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица.