Израелската манекенка Јаел Шелбија (19), која сонува да стане актерка, е прогласена за најубава жена на светот, според мислењето на независните критичари на годишната листа на основачи Ти Си Кандлер, кои веќе 30 години ги одбираат најубавите машки и женски лица за изминатата година.
Убавицата со прекрасни продорни сини очи, покрај тоа што се занимава со моделство, моментално отслужува и во ен рок во израелското воздухопловство.
Јавноста дознала за Јаел кога започнала врска со 35-годишниот Брендон Кроф, внук на американскиот могул Сумнер Редстоун, но и поради скандалот кога ги прекршил ограничувањата за да ја посети својата избраничка во Израел.
Јаел се појавила во бројни рекламни кампањи во својата земја, а на Инстаграм ја следат речиси милион обожаватели ширум светот.
„Никогаш во ништо не сум била прва… Многу е убаво. Им благодарам на сите што гласале. Го ценам тоа со сето срце“, изјавила таа.
Зад себе на листата ги оставила актерките Пријанка Чопра (38), Гал Гадот (35) и Наоми Скот (27).