Новиот вид на мајмун кој беше откриен во Мјанмар има големина од 50 до 60 сантиметри и веќе спаѓа во групата на загрозени животни.Мајмунот Попа Лангур, кој го добил името по планината Попа каде што бил пронајден, е пред истребување поради малата популација која ја сочинуваат околу 200 мајмуни.
Германскиот центар за примати и невладината организација „Фауна & флора интернешнал“, по долго истражување, ги идентификувала приматите.
Еден од истражувачите, Френк Момберг изјави дека Само што ги откриле, веќе можат да кажат дека Попа лангур е пред истребување.