Нејзината прегратка го „стопила“ Путин: Еве која е бабата (86) која има посебно место во животот на рускиот претседател

ИЗВОРСкопје24
|

Во Москва е одбележан Денот на победата над фашизмот, а по тој повод е одржан и свечен прием во Кремљ.

Рускиот претседател, Владимир Путин, привлекол внимание со средбата со една симпатична баба. Во прашање е неговата некогашна учителка, Вера Гуревиќ.

Инаку, Вера му била класна раководителка на Путин од петто до осмо одделение, во училиштето број 193 во Ленинград. На отсекот за германски јазик на Факултетот за странски јазици во Ленинград, на Институтот А.Х. Харцен, завршила во 1958-ма година, кога и се вработила како наставник по германски во средното училиште број 193 во Рејон Џержинск во Ленинград. Напишала мемографија „Владимир Путин. Семејство. Пријатели. Наставници“.

Своевремено раскажала дека нејзиниот ученик бил со „незапирлива енергија“, но дека во погорните одделенија „завртел нова страница“, ги поправил оценките и се запишал на факултет, а со неа и денес е во добри односи. Наставничката на Путин рекла дека шефот на руската држава како дете зрачел со огромна енергија.

На прашањето дали имал лоши оценки, пензионираната наставничка по германски јазик, без проблем одговорила дека сигурно имал, бидејќи бил многу немирен.

„Во пониските одделенија во основно училиште, кога бегаше од часови, на враќање ги отвараше сите врати и велеше’ Ку-ку, тоа сум јас’“, рекла таа.

Сепак, Путин притоа секогаш настојувал да ја оправда довербата на наставниците. Осмо одделение завршил само со четворки и петки и се запишал во хемиско училиште, но тоа не го привлекувало. Тој отсекогаш бил личност со хумана ориентација. Си поставил цел да се запише на факултет.