Некогашниот супермодел, Синди Крафорд, и понатаму изгледа неверојатно. Меѓутоа, не е само генетиката заслужна за нејзината витка линија.
Таа беше една од ѕвездите во спотот „Freedom“, на Џорџ Мајкл, во кој се појави со тогашните супермодели – Наоми Кемпбел, Линда Евангелиста, Кристи Тарлингтон. Уште во тоа време, пред повеќе од две децении почна активно да вежба.
Манекенката во 90-те години се прослави со вежби снимени на VHS касети. Иако VHS одамна “изумреа“ и се заменети со видео форми, Крафорд ја следи технолошката револуција и понатаму снима фитнес видеа кои сега си објавува на својот Инстаграм профил.
„Магловито утринско растегнување во Малибу“, напишала манекенката на Инстаграм профилот, на кој често објавува како ги поминува деновите.