Авионот со аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала исчезна во понеделникот навечер и вчера спасувачките служби се откажаа од потрагата, откако прегледаа 3.000 квадратни колометри и не најдоа ниту еден траг кој би ги однел кон евентуалното место на несреќата.
И откако исчезна авионот, еден куп нелогичности и мистерии се појавија низ англиските медиуми, па новата спортска трагедија станува толку мистериозна, што веројатно никој нема да ја дознае вистината што се случи во понеделникот вечерта после 20.30 часот, кога „Пајпер Малибу“ исчезна од радарот над Каналските острови.
Авионот го возел Дејв Иботсон (60), татко на три деца, кој имал искуство од летање на авиони. Но, освен што имало и втор полот, кој минал на контрола на аеродромот во Нант, но не се качич на кобниот лет кон Кардиф, англиските медиуми сега објавуваат дека Иботсон кој го летал малиот авион всушност – немал лиценца за пилот за комерцијални летови. Негов извор на приходи биле работата како инсталатер на греење и како ди-џеј.
Но, тоа што уште повеќе фрла сенка на целиот случај е што Иботсон бил сериозно заглавен со долгови од над 18.000 фунти и поради тоа, мистеријата станува уште поголема.
Неименуван пријател на Иботсон сепак демантирал дека пилотот на „Пајпер Малуби“ бил зарѓан, како што објаснил откако се чекирал на социјалните мрежи дека е во Нант во саботата, пишувајќи дека имал проблеми со системот за слетување.
„Дејв е одличен пилот, има преку илјада часови летање, а ако рекол дека е зарѓан, значи дека се шегувал. Оваа работа ја работеше од забава и никогаш тоа не му било извор на приходи во изминатите две децении. Никогаш не би летал со авион кој не го познава. Работеше како инсталатер за греење, а и како ди-џеј. Пушташе добри работи, беше полн со живот, главен забавувач…“, рекол анонимниот пријател на исчезнатиот пилот.
Навивачите на Нант не ја гуабат надежта за пронаоѓање на Емилијано Сали. Тие веруваат дека тој е жив и дека може да биде спасен.
Повеќе од 40 илјади од нив се потпишаа на петицијата за продолжување на потрагата по доскорешниот нивни играч кој направи трансфер во Кардиф.