|
Во делови на Сараево падна индустриски снег. Тој снег е всушност валкан снег, потврди метеорологот аматер Недим Сладиќ.
„Не грижижете се, нема да напаѓа многу, до еден сантиметар, па дури и ако сме внатре во антициклонот“, рече Сладиќ.
Според него, стратусниот слој на облачност е многу низок, јавува телевизијата Н1.
„Честичките од чад и смог се како кондензациски јадра од кои се создава снежна магла“, вели Сладиќ.
Како што објаснува тој, индустрискиот снег не е вистински снег, туку е вештачка појава и не се јавува насекаде. Се јавува во антициклон, она што метеоролозите го нарекуваат поле на зголемен атмосферски притисок што овозможува стабилно и суво време со многу сонце, но во зима ова правило не важи.