Необични сцени во Мадрид: На улиците наместо автомобили, се „прошетаа“ стотици овци…

|

Овците во текот на вчерашниот ден ги заменија автомобилите на најпопуларните улици во главниот град на Шпанија.

Пастирите „управуваа“ со своите големи стада низ улиците на Мадрид во рамките на својата традиција, односно древниот начин на миграциските патишта на стоката во Шпанија.

Ова се случува од 1994-та година еднаш годишно, а на овчарите им се овозможува користење на традиционалните рути за миграција на стокта од северните делови на Шпанија кон ужните пасишта кои што се користат во текот на зимскиот период.

Пред многу векови рутата поминувала низ неразвиените села, но денес таа минува низ централното градско подрачје на главниот град на Шпанија, односно низ некои од најпопуларните улици на Мадрид.

Во рамките на договорот од 1418-та година, пастирите плаќале симболичен износ од 50 средновековни парички за поминување на 1000 овци преку плоштадот Сол и најпопуларната мадридска улица Гран Виа.

Стадото во неделата било сочинето од над 2 илјади мерино овци и стотици кози.