Невремето во Србија донесе снег – Копаоник под бела покривка како на сред зима (ФОТО)

|

Во текот на денот големо невреме ја зафати цела Србија. Покрај Нови Сад и Белград каде во попладневните часови врнеше пороен дожд проследен со силен ветар кој корнеше дрва и создаде метеж на улиците, на уд ар се и планините.

Во Земун паѓаше силен дожд проследен со град. Според видеата објавени на социјалните мрежи, улиците во Земун се поплавени, а водата навлегувала во зградите.

Ураганското невреме ги пог оди Златибор и Копаоник. Познатите туристички места под удар на невремето добија зимски амбиент.

Копаоник се најде под бела покривка од градот што паѓаше, а дел од туристите се огласија на социјалните мрежи споделувајќи фотографии од побелениот амбиент со забележка дека не знаат дали се на летување или на зимување.