Ни кенгурите не можат да ги издржат горештините: Австралиско семејство снимило кенгур кој се разладува во нивниот двор

|

Едно семејство во Нов Јужен Велс во Австралија снимило кенгур тежок 70 килограми, како се капе во нивниот базен овој викенд, бидејќи температурите надминувале 42 степени Целзуисови, а коали и мравојади исто така биле видени како трагаат засолниште од пожарите во урбаните средени.

Иако не се познати по тоа дека добро пливаат, кенгурите бараат водени површини по големите горештини, иако тоа обично се случува во дивината, пренесува Reuters, додавајќи дека некои популации на коали и летечки лисици биле уништени во огромните огнени стихии кои ја зафатиле Австралија. 

Австралискиот премиер за тоа време ја брани климатската политика на својата влада, додека предупредува дека пожарите може да траат со месеци.

Во четири држави гореле околу 200 пожари, од тоа повеќе од половина во Нов Јужен Велс, вклучувајќи и 60 пожари кои се уште беснеат.

Катастрофата довела до нови критики дека конзервативната влада на премиерот Скот Морисон не преземала доволно акции во врска со климатските промени.

Морисон ги одбил повиците да ја намали индустријата на јаглен во Австралија. Таа земја е најголем извозник на јаглен и течен природен гас.

“Нема да оставам илјадници Австралијци без работа откажувајќи се од традиционалните индустрии”, рекол тој за Channel 7.

Морисон се извинил што земал одмор со сопругата и возрасните деца за време оваа национална криза.

Речиси 800 куќи изгореле во Нов Јужен Велс, кој минатата недела бил парализиран од седумдневната вонредна состојба по катастрофалните услови.