Никогаш пожешко во Ѕвездите на Гранд – “Кога си толку добар продуцент, што не направи ѕвезда од ќерка ти”

ИЗВОРНов Лист
|

-Сања Савиќ (20) од Уба пред два дена ги испеа песните „Две музике“ и „Опроштајна вечера“, а потоа дојде до конфликт помеѓу Цеца Ражнатовиќ и Драган Стојковиќ Босанац.

Цеца одби да биде во трка за ментор на Сања со Бекута, Босанац, Вики и продукцијата.

– Мене девојката ми беше одлична. Посебно првата песна, во втората немаше Бог знае што да се пее, рече Босанац и така ја „допре“ Цеца која ја пее оваа песна во оригинал, како и Мили, нејзиниот творец.

– Ти рече дека нема тука што да се пее – му замери Ражнатовиќ, а и Мили негодуваше, објаснувајќи дека има височини во песната кои тешко се пеат.


Босанец продолжи да „удира“, но врз другите членови:
– На пример, Марија е пејачка, а Цеца е само популарна пејачка – додаде продуцентот, што ja налути Ражнатовиќ.

– Па, кога си толку добар продуцент што не ја направи ќерка ти ѕвезда? – го праша таа.

– Ќерка ми немаше соодветен спонзор и моментално завршува факултет – објасни Драган.