Вчера во Тел Авив се одржа првата полуфинална вечер од Евровизија 2019 година.
Свеченото отворање започна со победничката претставничка од минатата година Нета со песната „Toy“, а фановите во арената занема од нејзиниот настап и перфектната организација во Израел.
Сепак она што најмногу го наежи народот од Балканот е еден детаљ кој ги врати сите во минатото кога Евровизија беше популарна и се чекаше секој мај во државите на поранешна Југославија.
Станува збор за знаме од Југославија кое се вееше зад минатогодишната победничка Нета, а жителите на оваа земја вклучувајќи ја и Македонија со радост се сеќаваат на државата која беше домаќин во 1990-та година.
Целото видео кое ги наежи сите жители од овие простори можете да го погледнете точно 5:50 минути.
Ја навредуваа српската претставничка на Евровизија- фановите ја нарекоа „досадна“
Невена Божовиќ, српската претставничка на Евровизија, синоќа влезе во финале со нумерата „Круна“, а веднаш после настапот доживеала низа навреди и пцовки на сметка на нејзината песна.
Невена после отпеаната песна , доби голем број на коментари, како негативни така и позитивни.
Поединци ја карактеризираа песната како здодевна, додека други пак го критикуваа стајлингот, додека пак имаше и такви кои застанаа во нејзина одбрана, па на официјалниот Инстаграм профил коментари се нижеа еднен по друг, па паднаа многу нареди и пцовки.
Погледнете: