Ноле, капа до подот! Со својата изјава го воодушеви регионот: Војната никому не донесе добро, на соседите гледам како на свои

ИЗВОРСкопје24
|

Еден од најдобрите светски спортисти, Новак Ѓоковиќ, во интервју за српски Блиц, покрај спортот, зборуваше и за минатото, војната и односите во регионот. Ѓоковиќ инаку е познат како човек кој секогаш срдечно ги поздравува сите успеси на сите спортисти од поранешните југословенски држави, а исто така е голем пријател со многу балкански фудбалери, кошаркари и останати спортисти.

Тој за Блиц кажа само најдобри зборови за Лука Модриќ.

“Му благодарам. Пред се, на Лука му посакувам само најдобро. Од срце навивав за Хрватска на Светското првенство”, изјави Ѓоковиќ.

Тој со одбрани зборови проговори и за минатото на државата која веќе е во историјата.

“Знам дека раните од војната сеуште се свежи за многу луѓе. Но спортот мора да се држи понастрана од политиката. Нам, тие ни се први соседи. И Хрватска и Србија и Босна и Македонија, па некако на нив гледам како на свои”, порача Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ е инспирација за многу спортисти. После сите тешки моменти во кариерата, повреди и пад на ранг-листата, Ѓоковиќ се врати на светскиот врв во 2018 година. Повторно е број еден, освои четири турнири, од кои два Грен Слема (Вимблдон и УС Опен), сега има вкупно 14 Грен Слем титули.