Ноне во прекрасно издание зрачи на бродската палуба (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Неполна деценија откако поранешната пејачка Ноне Неделковска се збогува со музичката кариера и се посвети на работата на брод.

По осум години работа на море Ноне напредуваше и стигна до позицијата советник за убавина на фришоп која носи поголема одговорност.

Иако постојано е на различна дестинација од светот, таа е во постојана виртуелна комуникација и активност со своите роднини, пријатели, следбеници, а не ретко знае да си дојде во родното Велес.

Од неодамна е во нова љубовна врска која извесен период ја сокриваше од јавноста, но сега јасно покажува дека е силно вљубена во своето момче Урош.

На нејзиниот профил на социјалните мрежи осамнаа нови галерија фотографии кои настанале на бродската палуба. Сјајот од сончевите зраци блеска во нејзите очи.

Во врска со работата на брод Ноне неодамна за „Женски магазин“ изјави:

„ Веќе осум години работам на брод, само што сега имам поголема одговорност како менаџер, не е лесно различни националности и култури да усогласиш да работат со иста енергија, разбирање и почит. Денот ми завршува исто како што ми почнува, се трудам да ја намалам динамичноста кон крајот на денот и да ја поминам вечерта во мирна и тивка атмосфера“, раскажа Ноне.

Извор: vistina.mk