Новиот предлог од Дојче банк за воведување на данок за работење од дома

ИЗВОРНов Лист
|

Предлогот од Дојче банк се однесува за сите кои работат од дома и изнесува 5 проценти од платата. Целта на предлогот е да се исплати остварениот приход на луѓето кои неможат да работат од своите домови, даноците ќе ги плаќаат работодавачите.

Оправдување за оваа мерка доаѓа од Дојче банк  со тоа што смета дека тоа е фер, затоа што оние кои работат од дома заштедуваат пари и не плаќаат во системот за разлика од оние што го напуштаат домот за да одат на работа.

Преку данокот ќе се соберат 6,9 милијарди фунти годишно, како што сметаат Дојче банк, со што ќе може да исплати грантови од 2.000 фунти годишно на работници со ниски примања и на оние кои се изложени на ризик од технолошки вишок.

Стратегот на Дојче банк изјави дека одамна требало да вметнат ваков данок, што сега е очигледно поради моменталната ситуација.