Пред само неколку минутки нов најсилен земјотрес утрово ја погоди Албанија. Овој земјотрес е силно почувствуван и во Македонија. Се очекува билансот на штети во текот на денот. Тлото не се смирува.
Серија од неколку навистина силни земјотреси го исплашија населението на југот на Албанија. Земјата почна да се тресе утрово во 6 и 35 по локално време. Првиот земјотрес бил со јачина од 4.9 по Рихтер. За десетина минути следел втор по јак земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер. Неколку помали потреси исто така сеуште тресат а последниот е 4.4 степени по Рихтеровата скала. Сеуште нема информации за евентуални штети и повредени во овој дел на Албанија. Земјотресот бил почувствуван и во пограничните села околу Преспа на Македонска територија, и во центарот на Струга каде што поради паника населението е на улици.
Пред неколку часа Албанија ја погодија серија земјотреси кои истотака беа почувстувани во Македонија.