Новиот продукт кој Еуролинк го нуди на граѓаните е осигурувањето на велосипеди. Полисата за осигурување на велосипедисти и велосипеди нуди осигурување при незгода, одговорност кон трети лица и каско за велосипеди. Осигурувањето кое го нуди Еуролинк за велосипеди е единствено решение кое овозможува финансиска надокнада при кршење на велосипедот, оштета и најважно кражба, без разлика каде настанала кражбата.
Целта на новото осигурување е да се подигне свеста за користењето на велосипедот како превозно средство, но и да се заштитат велосипедистите со оглед на големиот број кражби.
Компанијата нуди два осигурителни пакети.Основниот пакет „бајк“ кој чини 61,5 денари, односно 1 евро месечно, и проширениот пакет „бајк плус“ со вклучено каско осигурување за велосипедот се пресметува зависно од неговата вредност и започнува од 100 денари месечно па нагоре.
Инаку, први кои воведоа приватно здравствено осигурување беа Еуролинк пред неколку години, а со воведувањето на осигурување за велосипедисти и велосипеди продолжуваат со збогатување на понудата од уникатни осигурителни решенија.