Ново пукање во Србија: Убиени двајца млади, уапсени четворица осомничени

|

Во непосредна близина на локално основно училиште во центарот на српската населба Футог, нешто по полноќ дошло до престрелка во која биле убиени две млади момчиња.

За двојното убиство се уапсени четворица осомничени на возраст од 21 до 26 години.

Според неофицијални полициски извештаи, пукањето било од автомобил во движење кон група млади момчиња, а наводно, се работи за судир на две групи млади момчиња кои се занимавале со продавање наркотици.