За да изгледате совршено, мора да водите сметка за сите модни детали, зошто дури и оние најситните влијаат врз целосниот изглед. Иако можеби ви звучи чудно, изборот на чантата може визуелно да ја намали фигурата.
Модните експерти советуваат дека обликот на чантата треба да биде обратен од обликот на вашето тело.
Облик на свртен триаголник
За да го урамнотежите изгледот и за фигурата да ви изгледа складно, избирајте чанти со подолги ремени. Моделите кои се носат преку рамо се идеален избор. Чантата не треба да биде ни премногу голема, ни премногу мала.
Правоаголен облик на телото
Идеален избор за вас се големи чанти, од мек материјал. Идеално би било чантата да биде во должина со колковите.
Облик како крушка
Никако не сакате да додадете тежина во долниот дел од телото, затоа водете сметка должината на ременот никако да не ја преминува линијата на половината, за фигурата да изгледа складно.
Облик како јаболко
Држете се подалеку од малите, дамски чанти и кратките ремени. Чантите од тврда кожа со долго ременче се полн погодок.
Облик песочен часовник
Доколку имате ваков облик на тело, вие сте вистинска среќничка. Дозволено ви е да носите што и да посакате, па ниту еден облик на чанта нема да ви го наруши убавиот изглед.