Обожавателите ја прозвале манекенката поради нејзиниот изглед: “Што ѝ се случило со лицето? Изгледа толку пластично!”

|

Една од најпознатите манекенки на светот ја шокираше јавноста со својот изглед на доделувањето на наградите “Annual American Influencer Awards”.

Станува збор за 45-годишната Тајра Бенкс која на прославата се појавила во шик црнобело одело, но целото внимание било насочено кон нејзиното “заледено лице”. 

Иако минатата година призна дека пред три децении го оперирала носот, се сомневаме дека тоа е единствениот естетски зафат на кој Тајра се подложила, како и многумина од нејзините обожаватели кои го коментирале нејзиниот пластичен изглед на Инстаграм.

Иако повеќето од нив ја опсипале манекенката со комплименти, дел на сметка на нејзиниот младешки изглед и дел на сметка на новата потемна боја на коса која одлично ѝ прилега, имало и такви кои забележале дека Бенкс повеќе не изгледа природно.

Освен за носот, обожавателите ја прозвале и поради неприродниот изглед на јаболчиците, но и поради фактот дека во 45-тата година од животот нема ниту една брчка. Интересно е што многу нејзини обожаватели напишале дека на прв поглед помислиле дека на фотографиите е Ријана, која е 14 години помлада од неа.

Тајра не се огласила на ваквите коментари, а со оглед дека повеќе од 30 години ја негираше корекцијата на носот, можно е да дознаеме за нејзините нови естетски зафати дури за неколку децении.