Одговорот на BMW за Tesla Model 3 ќе има 530 коњски сили

|

Германскиот премиум гигант BMW ги открил деталите за своите електрични лимузини i4 кои доаѓаат во 2021-ва година.

Лимузината на BMW ќе се обиде да земе дел од “колачот” кој моментално суверено го држи американската компанија Tesla со моделот 3. 

BMW i4 прво ќе дојде со батерија од 80kWh и мотор од 530 коњски сили, кој ќе забрзува од 0-100 за 4 секунди со максимална брзина од 190 км/ч.

Според првите проценки автономијата на BMW i4 би требало да биде околу 600 километри, на основа на новите WLTP стандарди.

I4 ќе користи нови Generation 5 батерии, кои се значајно помали од актуелните генерации на батерии во BMW EV возилата, i3 и i8.

Тоа го олеснува сместувањето на ќелиите под возилото и овозможува полесно прилагодување за употреба на поголеми или помали возила.

Оваа генерација на батерија исто така е и помоќна, што значи дека подобро поднесува ситуации на брзо полнење. Од BMW велат дека со брз полнач од 150 kW ќе биде можно батеријата на i4 да се наполни за 80 проценти за околу 35 минути.

BMW додава и дека со такво полнење i4 може да додаде околу 63 километри дострел за околу 6 минути, додека на моменталниот i3 му се потребни 17 минути за да го направи истото.