Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, дефинитивно му кажува збогум на активното играње на фудбал.
„После 20 години…Мојот син веќе има 13 години и во целиот живот почесто го гледав само во паузата меѓу двете сезони. Сега е време во кое треба да уживам со семејството. За првпат цело лето не размислував за фудбал и кога ќе се случи тоа помалку размислувате за фудбал и малку тренирате.“
„Неколку месеци веќе не правев ништо и кога сте на 39 години се е потешко и помачно. Сакам повеќе да одморам и да бидам о семејството, премногу е 20 години да сте одвоени од него. Сепак, сакам да останам во фудбалот затоа што друго не знам да работам“, изјави Пандев.
Пандев најави и што сака да работи во иднина.
„Се гледам себе си како спортски директор или како менаџер. Сакам работа со деца во која ќе и им помагам, ќе разговарам со нив на почетоците на нивните кариера. Би сакал да се заблагодарам на сите – фала ви за се. На сите навивачи, тренери, претседатели…Сите оставија белег кој нема да го заборавам“, истакна македонската легенда.