Огромен леденик на Антарктикот би можел да се распадне како стакло, предупредуваат научниците

|

Научниците предупредуваат на драматични промени кои би можеле да се случат во следните пет до 10 години на Твитс, еден од најголемите глечери на Антарктикот, јавува Би-Би-Си.

Истражувачите тврдат дека лебдечкиот дел на предниот дел на глечерот, кој досега бил релативно стабилен, би можел „да се скрши како шофершајбна на автомобил“.

Во исто време, американски и британски научници работат на интензивно проучување на динамиката на топењето на Твитс.

Иако околу 50 милијарди тони мраз се топат во океаните секоја година, актуелните настани имаат ограничено влијание на глобалното ниво на морето, но целосното топење на глечерите може да ја зголеми висината на океаните за 65 см.

Малку е веројатно дека таквото сценарио на поплава и „судниот ден“ ќе се случи во наредните векови, меѓутоа, истражувачите предупредуваат дека глечерот „Твитс“ веќе реагира многу брзо на глобалното затоплување.

„Ќе се случат драматични промени на предниот дел на глечерот, веројатно за помалку од десет години“, предвидуваат истражувачите.