Аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана, кој кратко беше затворен утрово по силниот земјотрес, е отворен за сообраќај.
На веб-страницата на аеродромот се наведува дека закажаните летови ќе бидат извршени навреме.
Претставникот на Стопанската комора на Србија, Александар Радовановиќ, кој присуствува на трговски саем во албанската престолнина, за „Танјуг“ изјави дека аеродромот повторно функционира.
Тој рече дека, според неговите информации, инспекцијата го посетила аеродромот и дека Албанската контрола на лет потврдила дека воздушниот сообраќај може повторно да се воспостави.
Аеродромот беше затворен поради оштетување на терминалите по земјотресот, објавија претходно локалните медиуми.
Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер рано утрово ја погоди Албанија при што загинаа најмалку шест лица, а повредени се повеќе од 300 луѓе.