Отворена изложбата „Родови перцепции“ во Музејот на современата уметност – Скопје

ИЗВОРСкопје24
|

Во Музејот на современата уметност – Скопје синоќа, на 12 јуни, во присуство на многубројни гости, беше отворена изложбата „Родови перцепции“ која Музејот ја организира во соработка со Британскиот совет.

На изложбата која се отвори со преформансот “Луис” на уметничкиот колектив од Лондон ГрејсГрејсГрејс, се претставени 39 дела од 25 светски реномирани авторки од Британија и Северна Македонија, како што се Трејси Емин, Сара Лукас, Лубаина Химид, Анета Светиева, Моника Мотеска.

Посетителите на МСУ ќе можат да ја посетат изложбата се до 12 август, а веќе во сабота, на 15 јуни, ќе биде организирано и водење низ изложбата со македонската уметничка Христина Иваноска, која на “Родови перцепции” е претставена со две дела.
Покрај водењата кои ќе бидат оргинизирани и со неколку други уметнички, за време на изложбата ќе бидат организирани и работилници, како и филмска и интердисциплинарна програма. За студентите и учениците пак, образовниот тим на Музејот ќе организира и едукативни водења низ изложбата.

Во очекување на претстојните настани, ја споделуваме галеријата фотографии од синоќешното отворање.