Групата „Нокаут“ со песната „Сакам да живеам“ ја однесе победата на овогодинешното издание на неодамна одржаниот фестивал на забавни мелодии „Макфест 2020“.
фронтменот Никола Перевски –Пере во интервју за „Женски магазин“ за првпат проговори за љубовниот живот, односно дека Јована е жената со која почнува нов живот, а која наскоро ќе му роди дете.
Победничката песна од Макфест ги опишува убавите моменти кои периодов му се случуваат на приватен план.
– Во стиховите на темата „Сакам да живеам“ се содржани последните неколку години од мојот живот. Секој збор во нив има симболика и отсликува реални сцени од мојот живот. „Птицата во мрак“ е љубовта која слета на мојот праг во вистинскиот момент. Таа се вика Јована. Таа е љубовта, која ми ја дава најголемата поддршка во работата.
Пере открива дека ќе стане татко по трет пат. Иако е искусен татко на две ќерки од првиот брак, повторно чувствува трема за доаѓањето на третата наследничка.
– Постарата ќерка Михаела има 21 година, а помалата Каја, 13 години. Пресреќен сум и возбуден. Ги гледам како растат двете. Уживам во креирањето заеднички планови, во кои секако се вклучени и тие. Најголем дел од летото го поминавме во Охрид. Паралелно работам и на новиот албум. Оваа 2020 година, иако на многу полиња беше тешка, на приватен план е една од најубавите во мојот живот.
Во продолжение прочитајте го целото интервју на „Женски магазин“.