Археолозите денес соопштиле дека во Израел откриле остатоци од една од најстарите рурални џамии на светот, изградена во време кога исламот дошол во светата земја.
Израелската агенција за антиквитети проценува дека џамијата, откриена пред новите градби во бедуинскиот град Рахат во пустината Негев, е изградена во 7 или 8 век, пренесува “Reuters”.
Постојат големи џамии за кои се знае дека се од тој период во Ерусалим и Мека, но ретко е да се пронајде такво древно исламско светилиште кое веројатно припаѓало на заедницата на локални земјоделци, рекол Гидеон Авни, експерт за антиквитети.
На локалитетот се ископани остатоци од џамијата на отворено – правоаголна зграда, со големина на гаража за еден автомобил, со молитвен ниш завртен кон југот, односно кон Мека.
“Ова е една од најстарите џамии познати од почетокот на доаѓањето на исламот во Израел, по арапското освојување во 636-та година”, рекол Авни.
Откритието на селата и џамијата во негова близина се значаен придонес во проучувањето на историјата во текот на овој турбулентен период, додал тој.