Сестри и Брат Митевски Продукција со големо задоволство и радост ви објавуваат.
“Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска продолжува да го освојува светот. Најпрво за одличните резултати од француската и швајцарската кино-дистрибуција. Проследен со одлични критики и оцени од публиката Во Франција, филмот досега го видоа 32,000 луѓе и Петрунија влегува во неверојатна седма недела на дистрибуција и ќе се прикажува во 56 кино сали.
Во текот на летните месеци промоцијата на филмот низ светот се одвива во силен ритам собирајќи нови признанија од селекција на престижни фестивали до ексклузивни прикажувања и започнување на кино-дистрибуција во многу земји. Во месец јуни Петрунија патува на седум фестивали нив целиот свет. Започнувајќи со проекеција на Кино Изола во Словенија, кое беше пропратено со предавањето од Данијел Хочевар, нашиот ко-продуцент, за начинот на кој е создаден филмот со 5 земји во копродукцијата. Исто така Моника Ломбер нашиот костимограф одржа мастер клас за филмски костим.
Од Изола, Петрунија продолжува во Арт Филмскиот Фестивал во Словачка од 14-22 Јуни, https://www.artfilmfest.sk/. На престижниот Сиднеј Филмскиот фестивал заедно со тамошниот австралиски дистибутер (Palace) ќе биде прикажан на 14 и 15 јуни во исклучителната главна конкуренција заедно со мајсторите на денешната кинематографија како најновиот филм на Алмодовар и Канскиот победник Паразит. Во исто време Теона на фестивалот ќе биде дел од жирито за краткометражен филм. На 29 Јуни, филмот ќе биде прикажен на Еденбург Филмскиот фестивал. Потоа Петрунија патува на Брисел Интернационалниот филмски фестивал каде ќе биде прикажан на 28 и 29 Јуни во главната конкуренција и потоа во јули и август започнува кино дистибуцијата во Белгија. Во Јуни Петунија ќе биде прикажан на уште еден фестивал во Германија, овој пат во Манхајм, Schillertage Mannheim, од каде дистибутерот (JIP filmverley) ја подготвува кино-дистибуцијата во оваа земја за есен.
Во Јуни, Петрунија ќе биде и дел од најголемиот, 21 по ред, студенски фестивал во светот во Тел Авив. Теона Стругар Митевска е поканета од фестивалот да одржи мастер клас на филмските студенти во Израел и во нејзина чест тие прават и ретроспоектива на нејзините филмови најавувајќи ја како авангарден филмски творец и централна фигура во наодаѓачкиот пост-југословенски нов талас”. Меѓу останатите филмски дејци кои одржале мастер класови на овој фестивал во минатото се и Тарантино, Ханеке, браќата Дарден, Алмодовар.
Се извинуваме за набиеното со информации соопштение, но за да не ве бомбардир*ме постојано со поединечни соопштенија вака ги сумираме бројните успеси. Ви благодариме за соработката и интересот за филмот и пренесувањето на информациите до нашата културна јавност која секако се радува на овие успеси и признанија за нашата култура во светот.
Со почит,
Продукција Митевски