Погледнете како да се справите со подочниците и да изгледате одморено и свежо

ИЗВОРnovlist.mk
|

Темни и отечени кругови под очите дефинитивно не се нешто што сакате да го видите кога наутро се гледате во огледалото. Сепак, понекогаш е невозможно да ја спречите нивната појава. Ако сте спиеле малку, сте биле под стрес, се борите со хормонални промени, тие се неминовни. За среќа, и за тоа постои лек.

Направете маска од кафе и белки од јајца и гледајте како подочниците стануваат побледи и помали. Доволно е да измешате една белка од јајце и две лажички кафе. Мешајте ги околу една минута, а потоа со чисти прсти нанесете на темната област. Кога маската ќе почне да се стега, а тоа ќе го почувствувате после десетина минути, извадете ја и исплакнете го лицето.

Кофеинот ќе ги намали крвните садови, ќе ја стимулира циркулацијата на крвта и кислородот и бидејќи има антиинфламаторно дејство, ќе го смири воспалението. А во комбинација со витамини и протеини, овие корисни ефекти ќе бидат засилени.